четврток, 23 април 2026

Австралија има најмногу нови инфекции годинава, повеќе од половина од населението во карантин

Објавено на

часот

Сподели

Во трите држави живеат околу 15 милиони луѓе, околу 60 проценти од населението во Австралија и се во строг карантин, а таму исто така се потврдени и пет смртни случаи поврзани со ковид-19.

Нов Јужен Велс потврди 319 нови локални случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата. Во Сиднеј и соседните регионални центри, уредбата да се остане дома важи веќе шест недели.

Во Нов Јужен Велс, 345 лица се хоспитализирани, 56 се на интензивна нега и 23 на респиратор, објавија државните власти.

Соседната држава Викторија го забележа најголемиот скок на инфекции во 2021 година со 29 нови случаи. Во Викторија на почетокот на оваа недела стапи на сила еднонеделен карантин.

Премиерот на Викторија, Ден Ендрјус, ги повика жителите да ги почитуваат правилата и да ги напуштат своите домови само за неопходни работи, пазарење, вакцинација или двочасовно вежбање на отворено.

„Оваа делта варијанта многу брзо се шири“, рече Ендрјус. „Немаме доволно вакцинирани, ќе завршиме со млади луѓе во болница, инаку фит и здрави луѓе. Нашиот систем ќе биде оптоварен ако не го ставиме ова под контрола“, додаде тој.

Во Квинсленд има 13 лица заразени, а само еден од нив притоа не бил изолиран, што дава надеж дека осумдневното затворање во делови од земјата ќе биде укинато во недела попладне, како што било планирано.

Со повеќе од 36.000 случаи на ковид-19 и 937 мртви, Австралија избегна голем број заразени како во другите развиени земји, но бројот на вакцинирани е меѓу најниските. Во Австралија, само 20 проценти од населението над 16 години е целосно вакцинирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ