Во процесот, кој беше успорен дури и пред враќањето на исламистичките милитанти на власт по повлекувањето на американските трупи, подносителите на барањата ќе добијат документи физички идентични на оние кои ги издавала претходната влада.
Алам Гул Хакани, вршител на должноста шеф на канцеларијата за издавање пасоши, им кажа на новинарите во Кабул дека секој ден ќе се издаваат 5.000 до 6.000 пасоши и дека жени ќе ги обработуваат документите наменети за граѓанките.
Портпаролот на министерството за внатрешни работи Каеи Саед Кости кажа на брифинг за новинарите дека 25.000 подносители на барања дошле до последниот стадиум на плаќање за своите пасоши, додека околу 100.000 барања се во ран стадиум на обработка.






