сабота, 2 мај 2026

Апликацијата Телеграм доби 70 милиони нови корисници благодарение на падот на Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Фејсбук ја припиша блокадата на „погрешна промена на конфигурацијата“, што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до услугите Ватсап, Инстаграм и Месинџер. Проблемот предизвика пад на глобалниот систем кој траеше повеќе од шест часа.

„Дневната стапка на раст на Телеграм ги надмина сите очекувања. Им посакуваме добредојде на бегалците од другите платформи, над 70 милиони во еден ден“, напиша Дуров на својот Телеграм канал.

Тој додаде дека некои корисници во Северна и Јужна Америка можеби имале помали потешкотии, бидејќи милиони луѓе во исто време навалиле на Телеграм, апликација за испраќање текстуални и мултимедијални пораки на уреди со Андроид, иОС и Виндоуз, но услугата за повеќето корисници воглавно добро функционирала.

Русија соопшти дека инцидентот покажал дека Москва била во право кога развила свои суверени интернет платформи и социјални мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ