Најмалку 12 американски војници загинаа во бомбашките напади во Авганистан, меѓу кои 11 маринци и еден морнарички лекар, според двајца американски функционери. Официјални лица велат дека се ранети голем број американски војници. Тие предупредуваат, сепак, дека бројките може да растат.
Точните бројки остануваат непотврдени, но извештаите покажуваат дека најмалку 60 авганистански цивили заедно со 12 припадници на американската војска загинале во нападот.
Се очекува обете бројки да растат.
Двајца бомбаши-самоубијци и вооружен напаѓач нападнаа толпа Авганистанци што се собраа на аеродромот во Кабул во четвртокот, претворајќи ја сцената на очај во сцена на хорор. Најмалку 13 луѓе загинаа, а десетици се ранети, соопштија руските власти и хуманитарните работници, пренесува АП.






