четврток, 7 мај 2026

Амнести интернешнал ги документирала злосторствата за време на падот на авганистанската влада

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот, сите страни – талибанците, американската војска и авганистанските безбедносни сили – се одговорни за напади кои резултирале со големо патење на цивили пред талибанците целосно да ја преземат власта.

Во извештајот се документираат мачења, вонсудски егзекуции и убиства, кои талибанците ги извршиле во последната фаза на конфликтот во Авганистан, како и цивилните жртви за време на низа копнени и воздухопловни операции на авганистанските сили за национална одбрана и безбедност (АНДСФ) и американските воени сили.

„Домовите, болниците, училиштата и продавниците станаа места на злосторства каде луѓе беа убивани и повредувани“, кажа Агенс Каламар, генералната секретарка на АИ. Каламар го повика Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) да ги истражи сите можни воени злосторства.

Талибанците го преземаа Авганистан кон средината на август годинава, по што беше организиран огромен „воздушен мост“ за да се евакуираат странските државјани и Авганистанците кои работеле за западните земји. Обединетите нации известија дека во Авганистан се убиени 1.659 цивили, а дополнителни 3.524 се повредени во првите шест месеци оваа година, што е 47 отсто повеќе од претходната година.

Во извештајот талибанците се обвинетите за мачења и убиства на етничките и верските малцинства, како и припадниците на поранешните авганистански безбедносни сили, за време на заземањето на градовите.

Извештајот документира и четири воздушни напади на американските и авганистанските воздухопловни сили во изминатите години, во кои биле убиени 28 цивили и ранети шест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ