сабота, 2 мај 2026

Американски специјалци тајно ја подготвувале тајванската војска за можен кинески напад

Објавено на

часот

Сподели

Дваесетина војници на американските сили за специјална намена и дел војници од морнаричкиот корпус обучуваат помали единици на тајванската копнена војска и морнарица, јави американскиот весник повикувајќи се на анонимни американски извори.

„Има две групи, војници на силите за специјална намена и конвенционални сили“, потврди за Франс прес функционерот, кој сакал да остане анонимен. Истакнал дека елитни војници има „помалку од 20“ и дека бројот на конвенционалните сили, кои се менуваат, „не е голем“.

Изворот не кажал кога американските елитни војници стигнале на островот, но истакнал дека се таму „помалку од една година“.

Пентагон не ја демантираше информацијата.

„Не коментирам операции, распоредување на сили и посебни одлуки, но би сакал да истакнам дека нашата поддршка на Тајван и нашите одбранбени врски (со островот) се соодветни на заканата која денес ја претставува Народна Република Кина“, кажа портпаролот на американското министерство за одбрана Џон Сапл.

„Го повикуваме Пекинг да ги почитува своите обврски за мирно решавање на споровите“ меѓу Кина и Тајван, додаде тој.

Иако Кина островот со 23 милиони жители го смета за своја одметната покраина која треба да се врати во нејзиниот состав, ако треба и со сила, Вашингтон, главниот сојузник на тајванските власти, во последните години ја зголемија продажбата на оружје на Тајван.

Кина неодамна неколку пати упадна во тајванскиот воздушен простор, по што САД изрази „загриженост“ околу „провокациите на Пекинг“.

Таквите постапки се „дестабилизирачки и ги поткопуваат регионалните мир и безбедност“, кажа портпаролот на американската дипломатија Нед Прајс.

„Го повикуваме Пекинг да го прекине воениот, дипломатскиот и економскиот притисок врз Тајван“, додаде тој, потврдувајќи ја „цврстата поддршка на Вашингтон на својот сојузник“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ