петок, 24 април 2026

Американски полицајци го тужат Трамп: виновен е за упадот во Капитол

Објавено на

часот

Сподели

Во тужбата поднесена во федералниот суд во Вашингтон, полицајците наведуваат дека упадот бил кулминација на повеќемесечната реторика на Трамп, кој – како што тврдат – бил свесен дека постои потенцијал за насилство и активно го охрабрувал, во надеж дека така ќе го сопре потврдувањето на изборната победа на претседателот Џо Бајден.

Поднесувачите на тужбата тврдат дека Трамп ковал заговор со екстремистичките групи како Горди момци и Чувари на заклетвата, како и со десничарските политички активисти Роџер Стоун и Али Александер, кои го промовираа говорот на Трамп во близина на Белата куќа непосредно пред упадот во Капитол.

„Заедно со другите обвинети, Трамп намерно и упорно изнесуваше и ги охрабруваше лажните тврдења за украдените избори за да ги дискредитира изборните резултати и да го поттикне гневот на своите поддржувачи“, се наведува во тужбата.

Ова е најновата во низата граѓански тужби со кои се бара одговорност на Трамп за настаните од 6 јануари, кога неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот.

Четири лица починаа тој ден. Една жена беше застрелана од полицијата, а уште три лица подоцна починаа од природни причини. Еден полицаец кој го нападнаа демонстрантите умре ден по нападот. Четворица полицајци кои учествуваа во одбраната на Конгресот подоцна си го одземаа животот. Повеќе од стотина полицајци беа повредени.

Рон Фишети, личниот адвокат на поранешниот американски претседател Трамп, сè уште не одговорил на прашањата на Ројтерс за тужбата.

Во случај на слична тужба, која ја поднесе демократскиот конгресмен Ерик Солвел, Трамп тврдеше дека неговите постапки биле слобода на говорот која е заштитена со првиот амандман на американскиот устав, и дека не може да се обвини според американското граѓанско право бидејќи дејствувал во рамки на своите претседателски овластувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ