среда, 29 април 2026

Американската министерка за енергетика: Климатската криза отвора простор за нуклеарната енергија

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е програма за примена на чисти технологии во централна и источна Европа, а ја финансираат САД.

Технологиите со низок удел на јаглерод отвораат пазарен потенцијал од 23 милијарди долари до крајот на оваа деценија и нудат „огромен потенцијал за земјите од двете страни на Атлантскиот Океан“, кажа Гранхолм.

Зборувајќи неделава на интернет брифинг за новинарите, Гранхолм кажа дека трансатлантскиот пазар „ќе отвори прилика за отворање нови бизниси, нови индустрии, за привлекување милијарди долари нови инвестиции и сигурно отворање на милиони нови работни места“.

Таа изрази и поддршка за Инцијативата на три мориња, која обединува 12 земји од ЕУ – Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Словенија, сместени меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море.

За Гранхолм јакнењето на трансатлантската соработка во областа на чистата енергија станува сè поитна поради климатските промени.

Во САД програмата на претседателот Џо Бајден „Билд бек бетер“ ја вклучува целта целокупната американска електрична енергија да се произведува од чисти извори до 2035 година, кажувајќи дека тоа вклучува намалување на емисиите на јаглерод диоксид за повеќе од 50 отсто до 2030 година и нивно намалување на нула до 2050.

„Знам дека Европа работи на слични мерки“, кажа Гранхолм додавајќи дека САД со европските партнери работат на соработка во областа на нуклеарната енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ