понеделник, 4 мај 2026

Американската агенција за лекови ја одобри вакцината на Фајзер за деца на возраст од пет до 11 години

Објавено на

часот

Сподели

Американската агенција одобри итна употреба на вакцината откако внимателно ги прегледа резултатите од клиничките испитувања спроведени од Фајзер врз илјадници деца.

За итна употреба одобрени се детските дози од вакцината, само една третина од количеството што им се дава на тинејџери и возрасни.

Останува уште една регулаторна пречка, во вторник Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ќе даде подетални препораки за тоа кои деца треба да се вакцинираат, а конечната одлука веднаш потоа ќе ја донесе директорот на агенцијата.

„Со оваа вакцина децата можат да се вратат на нешто што е подобро од тоа да бидат затворени дома или учење на далечина, кога не можат да ги видат своите пријатели. Вакцината ќе ги заштити нив, но и нашите заедници“, рече д-р Кавсар Талат од Универзитетот Џон Хопкинс.

Неколку земји почнаа да користат други вакцини против ковид за деца под 12 години, вклучително и Кина, која почна да ги вакцинира децата на возраст од три години. Но европските регулаторни тела тукушто почнаа да ги разгледуваат детските дози на вакцината.

Со одлуката на ФДА Фајзер планира да почне со испорака на милиони педијатриски дози вакцина, која има портокалово капаче за да не биде заменета со виолетовите капачиња за сите други вакцини во ординациите, аптеките и другите места за вакцинација. Децата ќе примаат две дози на временско растојание од три недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ