сабота, 2 мај 2026

Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект

Објавено на

часот

Сподели

„УСС Конектикат удрил во објект на 2 ноември додека пловел во меѓународни води во Индопацифичкиот регион. Никој не добил повреди опасни по животот“, наведува американската морнарица во соопштението, што упатува дека некои морнари веројатно се полесно повредени.

УСС Конектикат, нуклеарна подморница од класата Сивулф, е оштетена, но е во оперативна состојба, додава морнарицата.

Нејвал институт, близок до американската морнарица, пишува дека подморницата за време на инцидентот учествувала во меѓународна воена вежба во Јужното Кинеско Море.

Кина смета дека речиси целото Јужно Кинеско Море ѝ припаѓа и гради воени бази на малите острови во таа област.

САД редовно вршат патроли во меѓународните води во тој дел од светот, истакнувајќи го своето право на слободно пловење, што Кина го смета за провокација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ