среда, 22 април 2026

Американците повлекуваат во САД стотици Авганистанци на кои им се заканува одмазда од талибанците

Објавено на

часот

Сподели

Околу 700 преведувачи и други Авганистанци кои ѝ помагале на американската војска со нивните семејства, вкупно околу 2.500 луѓе, ќе бидат стационирани во Форт Ли, воена база на копнената војска околу 200 километри јужно од Вашингтон, изјави портпарол американската дипломатија Нед Прајс.

„Тие се храбри Авганистанци“, рече Прајс, нагласувајќи дека тие биле подложени на интензивни безбедносни проверки и дека се работи на имиграциони визи.

Авганистанците, кои нема истовремено да пристигнат во САД, треба да останат во Форт Ли неколку дена, објасни портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

„Овие луѓе и нивните семејства се во завршна фаза на добивање статус на имигранти, така што нема потреба да остануваат долго во воената база“, нагласи тој.

Другите треба да бидат примени во американски бази во странство, додаде тој.

Околу 20.000 Авганистанци кои работеле за американската војска, пред се како преведувачи, досега побарале евакуација во САД со своите семејства.

Вкупно, се проценува дека околу 100.000 би можеле да бидат евакуирани.

Предвидено е летовите за евакуација да започнат во последната недела од јули, додека американските сили треба да го завршат повлекувањето од Авганистан на 31 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ