„Во уште една важна година за корупцијата, глобалниот независен совет го избра Александар Лукашенко за личност на годината за организиран криминал и корупција“. Оттаму додаваат дека ова е прв пат по десет години одлуката да биде донесена едногласно.
Панел од шест новинари и научници кои студираат и известуваат за корупцијата немале проблем да го изберат постсоветскиот автократ, и покрај рекордно номинираните 1.167.
? We have a winner ?
The 2021 Corrupt Person of the Year is…
?? Aleksandr Lukashenko ??
Learn why our judges selected the President of Belarus over the other four finalists.https://t.co/5dZxwMfgPw
— Organized Crime and Corruption Reporting Project (@OCCRP) December 27, 2021
Бруталниот, последен европски диктатор, како што го опишуваат, Лукашенко во 1994 година беше избран како реформатор, но оттогаш, посочуваат, тој „насилно се држи на власт и покрај тоа што одамна падна во немилост кај народот“. Тој, се истакнува „ова го направи преку политичка контрола, со железна тупаница, местење избори, мачење критичари и самоволно апсење демонстранти – сето тоа со помош на Кремљ“.
Преку широко распространетата корупција, додаваат, изгради огромен систем на покровителство што му дава контрола врз економијата, а за да ја заштити таа корупција изврши грубо кршење на човековите права.
Тие нагласуваат дека „Лукашенко е еден од многуте автократи кои користат корупција и насилство за да ја поткопаат демократијата и да ја задржат власта на неодредено време – предизвик со кој се соочуваат многу земји“.
Во текот на минатата и оваа година, потсетуваат тие, Лукашенко дрско ги прекрши меѓународните норми, вклучително и создавањето мигрантска криза со ЕУ „намамувајќи илјадници бегалци на границата на Белорусија со Литванија, Латвија и Полска“.
Тој во мај годинава нареди и слетување на авион на Рајанер во Минск, кој летал на линијата Атина-Вилнус, со цел белоруските власти да го уапсат белорускиот дисидент Роман Проташевич, што предизвика бес и гнев кај меѓународната заедница.






