Министерката за надворешни работи на Албанија Олта Џачка изјави по состанокот со шефицата на косовската дипломатија Доника Гервала дека Албанија и Косово наскоро ќе имаат заеднички дипломатски претставништва во Африка и Азија.
Џачка кажа дека тоа произлегува од договорот кој го постигнале албанскиот и косовскиот премиер Еди Рама и Аљбин Курти на состанокот одржан на 27 септември.
„Го зголемуваме нивото на заеднички дипломатски активности во Африка и Азија, и затоа ќе дојде до спојување на одделни амбасади за нашите дипломати потесно да соработуваат“, кажа Џачка.






