Човекот, кој беше идентификуван како албански државјанин, бил застрелан во главата и стомакот, а егзекуцијата ја извршил еден убиец, објави Катимерини.
Очевидец, наводно, ѝ рекол на полицијата дека маж облечен во црно ѝ пришол на жртвата, ја застрелал три пати и побегнал со автомобил „со светла боја“.
Човекот бил префрлен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Полицијата го истражува убиството, кое може да биде поврзано со активностите на жртвата во ноќниот клуб што го поседувал, додава Катимерини.






