сабота, 2 мај 2026

Уставниот суд на Јужна Кореја го поништи отповикувањето на премиерот и му ги врати претседателските овластувања

Уставниот суд на Јужна Кореја го поништи отповикувањето на актуелниот премиер Хан Дак Су, со што му ги врати претседателските овластувања што ги презеде откако поранешниот претседател прогласи вонредна состојба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хан ја презеде функцијата од претседателот Јун Сук Јеол, кој беше отповикан поради накраткото прогласување вонредна состојба во декември. Хан веднаш се врати на својата позиција по пресудата.

„Благодарен сум за мудрата одлука на уставниот суд“, рече Хан по пресудата и им се заблагодари на членовите на кабинетот за нивната напорна работа за време на неговата суспензија.

Прогласувањето на вонредна состојба од страна на Јун во декември доведе до најголемата политичка криза во Јужна Кореја во последните децении и создаде вакуум во водството во четвртата по големина економија во Азија.

Хан првично издржа две недели како претседател. Тој беше отповикан и суспендиран на 27 декември по судирот со парламентот, во кој доминира опозицијата, поради неговото одбивање да назначи уште тројца судии во уставниот суд.

Во понеделникот седум судии од тоа тело одлучија да го поништат импичментот, додека еден се спротивстави, пренесува Ројтерс.

Хан е 75-годишен политичар кој има лидерски позиции повеќе од три децении, под пет претседатели, конзервативни и либерални.

Во една политички високополаризирана земја, Хан се сметаше за редок пример на функционер чија кариера ги надмина партиските поделби. Сепак, парламентот го обвини дека не направил доволно за да ја спречи одлуката на Јун да прогласи вонредна состојба, што тој го отфрла.

За време на суспензијата на Хан, претседателската функција ја презеде министерот за финансии Чои Санг Мок. Конечната одлука на Уставниот суд за Јун се очекува за неколку дена, а доколку биде потврден неговиот импичмент, во рок од 60 дена ќе се одржат претседателски избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ