сабота, 2 мај 2026

Украина уништи руски ракети во напад на воздухопловната база Енгелс (ВИДЕО)

Украинскиот Генералштаб на вооружените сили објави дека во неодамнешниот напад на руската воздухопловна база Енгелс уништил 96 крстосувачки ракети, кои Русија планирала да ги искористи за напади врз Украина оваа пролет.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Покрај тоа, погодени се и капацитети за складирање гориво за авијација, според украинската војска.

Воздухопловната база Енгелс, која се наоѓа во руската област Саратов, од почетокот на инвазијата неколку пати беше цел на напади со украински беспилотни летала. Последниот напад, извршен минатиот викенд, предизвика силни експлозии. Руските локални власти првично признаа дека се случил „инцидент“, но не објавија детали.

Оваа база служи како клучна локација за стратешки бомбардери, вклучително и авиони Ту-95, кои често учествуваат во ракетни напади врз украински цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ