сабота, 2 мај 2026

Трамп: Само јас можам да го запрам Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за конзервативниот портал Ауткик зборуваше за преговорите за прекин на огнот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој зборуваше за односите со рускиот претседател Владимир Путин. „Го познавам многу добро“, рече Трамп. „Неверојатно е што не влеговме во некој голем конфликт поради онаа измама“, рече Трамп, мислејќи на истрагата за руската вмешаност во американските избори во 2016 година.

На забелешката на водителот дека Путин не ја нападна Украина додека Трамп беше претседател, Трамп одговори: „Тој не нападна ништо додека бев јас претседател“.

Тој потсети дека руските воени акции во Грузија и Крим се случија за време на претседателските мандати на Џорџ Буш и Барак Обама, додека инвазијата на Украина започна додека Џо Бајден беше претседател.

„Мислам дека не постои некој на светов кој може да го запре освен мене, и верувам дека го можам тоа“, рече Трамп. „Имавме многу рационални разговори и само сакам луѓето да престанат да умираат. Тие губат 2.500 млади луѓе неделно, и Русите и Украинците“, вели тој.

Тој додаде дека сака да се запре убивањето војници, „дури и ако не се американски војници, бидејќи таквата ситуација може да доведе до Трета светска војна“.

„Мислам дека тоа донекаде е под контрола. Имам добри односи со претседателот Путин, а всушност и добри односи со претседателот Зеленски. Би било одлично кога би можеле да го запреме тоа. И можам да ви кажам, никој друг не би можел“, рече Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ