Гренланд, кој бара независност од Данска, има огромни неискористени резерви на минерали и нафта. Се наоѓа помеѓу Северна Америка и Европа, што е важно во време на зголемен интерес за Арктикот од страна на САД, Кина и Русија.
Запрашан дали мисли дека Гренланѓаните се желни да се приклучат на Соединетите Држави, Трамп рече дека не знае. „Мораме да ги убедиме. И мораме да ја имаме таа земја, бидејќи без неа не е можно правилно да се одбрани голем дел од Земјата, не само САД“, изјави тој.
Коментарите на Трамп ја поттикнаа данската премиерка Мете Фредериксен да се огласи на Фејсбук. „Не смееме да имаме илузии – интересот на претседателот Трамп за Гренланд не исчезнува. Тие знаат дека Гренланд не е на продажба. Тие знаат дека Гренланд не сака да биде дел од САД“, напиша таа.
Изјавата на Трамп доаѓа додека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс со својата сопруга се подготвуваат да ја посетат американската база Питуфик на Гренланд.
Гренландските власти постојано изјавија дека не сакаат да бидат дел ниту од Данска ниту од САД. Според анкетите, повеќето Гренланѓани ја поддржуваат независноста од Данска, но не и анексијата од Вашингтон. По изборите на 11 март, Гренланд во моментов има преодна влада, а партиите сè уште преговараат за формирање нова коалициска влада.






