четврток, 14 мај 2026

Тајван ѝ возврати на Кина: Вие сте единствениот извор на несигурност во регионот

Тајван го обвини Пекинг дека е „единствениот извор“ на несигурност во регионот, откако Кина испрати воени авиони и бродови во близина на островот, дополнително зголемувајќи ги тензиите, денеска на средбата со американскиот претседател, Си Џинпинг рече дека недоразбирањата околу Тајван може да доведат до опасен пат во односите меѓу двете земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Комунистичката партија на Кина го смета самоуправниот остров за своја територија и вети дека еден ден ќе го стави под своја контрола, ако е потребно и со сила.

„Воената закана од Кина е единствениот извор на несигурност во Тајванскиот теснец и поширокиот индо-пацифички регион“, изјави портпаролката на тајванската влада Мишел Ли, одговарајќи на новинарско прашање.

„Постојаното јакнење на одбраната и ефикасното заедничко одвраќање се најважните фактори за обезбедување регионална безбедност“, додаде таа.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг за време на посетата на Пекинг го обиколија Храмот на небото, каде што позираа пред насобраните фоторепортери. Прашањето од еден новинар за Тајван остана без одговор, бидејќи двајцата лидери го игнорираа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ