понеделник, 14 јули 2025

Шефот на НАТО: Лавров е министер уште од Исус, никогаш ништо корисно не кажал (ВИДЕО)

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес на Фокс њуз го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за неговите неодамнешни коментари за наводен распад на западниот воен пакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред неколку дена, од Лавров беше побарано да ги коментира изјавите на неговиот полски колега, Радослав Шикорски, кој предвиде колапс на режимот на рускиот претседател Владимир Путин како резултат на сегашната трка во вооружување. Како одговор, Лавров кажа дека значителното зголемување на буџетот за одбрана на членките на НАТО може да доведе и до распад на Алијансата.

„Бидејќи е таков прогнозер, веројатно гледа дека катастрофалното зголемување на буџетот на земјите членки на НАТО, според моите проценки, ќе доведе и до распад на таа организација“, оцени Лавров.

Коментирајќи ја изјавата на Лавров, Руте го пофали она што го нарече големо достигнување во надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација во обезбедувањето зголемување на трошоците за одбрана на НАТО. Тој кажа дека Лавров е неважен.

„Лавров е министер за надворешни работи на Русија уште од, мислам, Исус Христос. И оттогаш ништо корисно не излезе од неговата уста. Затоа, да не му обрнуваме премногу внимание на господин Лавров“, кажа Руте.

Руте, исто така, изрази разбирање за најавите на Белата куќа за прекин на дел од испораките на оружје за Украина поради наводно опасно ниските залихи на воена опрема, но додаде дека Украина не може да се одбрани без оружје од Соединетите Американски Држави.

Европа значително ги зголеми испораките на оружје, но Украина сè уште има потреба од американска поддршка, кажа Руте, додавајќи дека експанзија на Русија би ја загрозила безбедноста на Европа.

Тој, исто така, оцени и дека безбедноста на Европа е неопходна за безбедноста на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ