понеделник, 4 мај 2026

Русија прогласи дводневен прекин на огнот за Денот на победата

Рускиот претседател Владимир Путин денес прогласи дводневен прекин на огнот со Украина на 8 и 9 мај по повод годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, објави руското Министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството смета дека украинската страна ќе го следи нивниот пример и предупреди дека Русија ќе изврши масовен ракетен напад врз Киев доколку Украина се обиде да ги наруши прославите на Денот на победата.

„И покрај можностите кои ги имаме на располагање, Русија претходно се воздржуваше од такви акции од хуманитарни причини“, се наведува во соопштението. Министерството додаде дека го предупредува „цивилното население на Киев и персоналот на странските дипломатски мисии навремено да го напуштат градот“.

Руското Министерство за одбрана на крајот на април објави дека годинешната парада по повод Денот на победата на 9 мај ќе се одржи без тенкови и ракети поради загриженоста за можни напади со украински беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ