За тие напади досега не беше известувано.
Ова е првпат да се дознава дека Саудиска Арабија директно спровела воена акција против Иран, а тие напади покажуваат дека станува многу поодлучна во одбраната од својот главен регионален ривал, пишува Ројтерс.
Се проценува дека нападите биле изведени кон крајот на март. Еден од претставниците изјавил само дека станувало збор за „одмазднички напади поради нападите врз Саудиска Арабија“.
Ројтерс не можел да потврди кои конкретни цели биле погодени.
На барањето за коментар, висок претставник на саудиското министерство за надворешни работи не одговорил директно на прашањето дали нападите навистина биле изведени.
Иранското министерство за надворешни работи не одговорило на барањето за коментар.
Саудиска Арабија, која има длабоки воени врски со Соединетите Американски Држави, традиционално се потпираше на американската војска за заштита, но десетнеделната војна го остави кралството ранливо на напади што го пробија американскиот воен заштитен чадор, пишува Ројтерс.






