Уша Ванс, сопруга на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс доаѓа на Гренланд оваа недела за да присуствува на националната трка на кучиња и „да ја прослави културата и заедницата на Гренланд“, се вели во соопштението на Белата куќа. На Гренланд треба да отпатува и советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, потврди извор запознаен со планот на патувањето.
SLOTUS VISITING GREENLAND
🇬🇱 Hands up If USA should purchase Greenland. pic.twitter.com/fkduBBVOPB
— Usha Vance News (@UshaVanceNews) March 23, 2025
„Што прави советникот за национална безбедност на Гренланд? Единствената цел на неговата посета е да ја демонстрира американската моќ над нас. Неговото присуство дополнително ќе ги охрабри Американците да веруваат во мисијата на Трамп, а притисокот ќе се зголеми“, изјави Егеде за гренландскиот весник Сермицијак.
Тензиите меѓу САД и Гренланд се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати изјави дека САД имаат намера да ја анектираат автономната територија на Данска, доколку е потребно со сила или економски притисок.
„Мислам дека ќе го добиеме на еден или друг начин“, рече Трамп претходно овој месец во обраќањето пред Конгресот.
Гренланд, најголемиот остров во светот богат со ретки минерали важни за високотехнолошката индустрија, со години е предмет на стратешките интереси на САД, Кина и Русија. Заканите на Трамп дополнително ги влошија односите меѓу САД и Данска, која сè уште има контрола врз одбраната и надворешните работи на Гренланд.
Иако на владејачката партија Инуити Атакатигиит на Егеде неодамна ѝ е изгласана недоверба на парламентарните избори, тој останува на чело на владата до формирањето нова коалиција. Јенс-Фредерик Нилсен, кој се смета за нов премиер, исто така смета дека американскиот потег „покажал недостаток на почит кон Гренланѓаните“.
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека сериозно ја сфаќа посетата на американската делегација и дека соработката со САД мора да се заснова на „фундаменталните принципи на суверенитет“.
Дури 85 отсто од Гренланѓаните се против американска анексија, покажа анкетата објавена во јануари.
Синот на Трамп, Доналд Трамп Џуниор, неодамна предизвика контроверзии за време на посетата на Гренланд кога рече дека територијата на островот „ќе има голема корист“ од приклучувањето кон САД, со пораката „Направете го Гренланд повторно голем“.






