сабота, 2 мај 2026

Полски генерал: Имаме доволно муниција за две недели војна

Полската војска има доволно залихи да се спротивстави на непријателски напад и до две недели пред пристигнувањето на засилувањата на НАТО, изјави вчера за Полсат њуз генерал Дариуш Луковски, лидер на полската Канцеларија за национална безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека, во зависност од тоа како ќе се одвива оваа борба, одбраната може да се спроведува една или две недели со денешните нивоа на залихи“, рече Луковски, одговарајќи на прашањето колку долго Полска би можела да се бори сама пред да интервенираат сојузниците.

Луковски призна дека полските Вооружени сили сè уште користат мешавина од модерна и застарена опрема, при што недостигот на муниција првенствено влијае на постарите системи. Тој истакна и дека новонабавените борбени возила и платформи се снабдуваат со соодветна муниција.

Полската политичка опозиција ја осуди состојбата на полското одбранбено производство, тврдејќи дека Полска ќе има доволно муниција за само пет дена војна. На прашањето дали Полска навистина има залихи зас амо пет дена, Луковски рече дека тоа зависи од видот на опремата и муницијата.

Полска, која дели граници со Белорусија и со руската високо милитаризирана енклава Калининград, се наоѓа на источното крило на НАТО и најверојатно ќе биде меѓу првите цели во потенцијален конфликт НАТО-Русија.

Земјата е силен поддржувач на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година, снабдувајќи ја со тенкови, тешка опрема и муниција. Во услови на зголемена загриженост за агресивниот став на Русија, полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика САД да распоредат нуклеарно оружје во Полска како средство за одвраќање.

На почетокот на годината, на 15 јануари, полскиот премиер Доналд Туск, исто така, ги повика сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана, тврдејќи дека доколку сите европски членки го усогласат својот буџет со полскиот, воените трошоци на НАТО ќе бидат 10 пати поголеми од руските.

Тензиите меѓу НАТО и Русија се зголемија по целосната инвазија на Украина. Западните лидери и разузнавачките агенции предупредија на можноста од голема војна во Европа во следните пет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ