Аргентинскиот поглавар на Римокатоличката црква, кој почина во понеделникот во 89 година, беше положен во гробот за време на церемонијата на погребувањето која траеше 30 минути, а почна во 13 часот по локално време во базиликата Света Марија Велика во главниот град на Италија.
Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребот на папата во Ватикан и долж улиците на Рим, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи. Тоа е повеќе од претходно проценетите 250.000 луѓе.
„Проценуваме дека имаше не помалку од 400.000 луѓе, сметајќи ги оние кои беа на плоштадот Свети Петар и долж трасата“, кажа Матео Пјантедози.