сабота, 2 мај 2026

Парижаните се одлучија за петстотини нови пешачки улици

Парижаните на вчерашниот референдум одлучија уште 500 улици во нивниот град да станат пешачки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 65,96 отсто од жителите на француската престолнина го поддржаа предлогот, додека 34,04 отсто беа против, според официјалните резултати од гласањето. На референдумот излегле само 4,06 отсто од гласачите.

Ова е трет референдум од ваков вид во Париз во последниве години, по оној во 2023 година со кој се забранија електричните тротинети и минатогодишниот со кој тројно се зголеми цената на паркирањето за големите теренци.

Со вчерашниот референдум ќе бидат отстранети уште 10.000 паркинг места, покрај веќе отстранетите 10.000 до 2020 година. Жителите на градот ќе одлучат кои улици ќе станат само пешачки.

Податоците од париското градско собрание покажуваат дека сообраќајот во градот е преполовен откако социјалистите ја презедоа власта на преминот во 21 век, пишува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ