Според податоците на Обединетите нации, 44.809 луѓе, меѓу кои 2.752 деца, се повредени.
„Вистинскиот број жртви веројатно е многу поголем“, додаваат од Обединетите нации.
Се наведува дека во април во Украина биле убиени најмалку 238 цивили, а 1.404 биле ранети, што е најголем месечен број цивилни жртви од јули 2025 година.
Обединетите нации додаваат дека минатата недела бил извршен еден од најголемите воздушни напади врз Украина од почетокот на руската инвазија.
Русија на 13 и 14 мај лансираше повеќе од 1.500 дронови и десетици ракети низ Украина, наведуваат Обединетите нации.






