Телескопот Џејмс Веб, наследникот на Хабл, конечно е подготвен за својот вселенски лет, од каде што ќе им овозможи на научниците да ги проучуваат нашата и другите галаксии.
По изненадувачки голем број измени, поправки, модификации и одложувања, вселенскиот телескоп Џејмс Веб утре конечно ќе тргне на пат кон ѕвездите.
Додека до неговата дестинација, точка во вселената на околу 1,6 милиони километри од Земјата, ќе ја носи европската ракета Ариана 5, вселенската опсерваторија полека ќе ги рашири златните огледала во форма на саќе што ќе им дадат на научниците од Земјата широк поглед кон вселената што нѐ опкружува.
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб исто така ќе ни помогне да откриваме планети на кои е можен живот како нашиот.
НАСА сподели фотографии од телескопот во ракетата „Ариана 5“ на лансирната рампа, подготвен за летот, кој првично беше планиран за 2007 година.
„Телескопот ‘Џејмс Веб’ на НАСА пристигна на својата конечна локација на Земјата – лансирниот комплекс на Европскиот космодром во Француска Гвајана“, соопшти НАСА.
Let’s rock(et) and roll(out)! ?
We’ve started to roll out the Webb telescope and its launch vehicle – an @Ariane5 rocket – to the launch pad. The process should take about 2 hours. Launch is set for Dec. 25 at 7:20 am ET (12:20 UTC): https://t.co/CmKf8i276l #UnfoldtheUniverse pic.twitter.com/eXulUtIjPQ
— NASA Webb Telescope (@NASAWebb) December 23, 2021
Лансирањето е планирано да почне утре, на католичкиот Божиќ, во 13.20 часот, а целиот настан ќе се пренесува во живо на Јутјуб.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=7nT7JGZMbtM autoplay:0]Фасцинантен подвиг
Џејмс Веб е најнапредната вселенска опсерваторија на денешницата и носи огромно огледало со дијаметар од шест метри, како и штит со големина на просечно тениско игралиште, кој ќе го штити од сончевото зрачење. Беа потребни 30 години за да се направи овој лудо скап и комплексен пакет научна опрема и се смета за еден од најголемите научни подвизи на овој век.
Безмилосната возбуда поради потенцијалните откритија е речиси еднаква на стравот што владее меѓу луѓето што го изградиле бидејќи ако стигне до целта и ако случајно не функционира – никој нема да може да стигне до него за да го поправи. Ако функционира, од друга страна, ќе ни даде увид во вселената за каков што никогаш досега не сме сонувале. Исто така, благодарение на прецизните мерни инструменти, ќе ни пружи глетка во далечните светови на кои можеби се развил животот – веќе во текот на првата година од работењето.
Џејмс Веб има огледало со дијаметар од шест метри, а во споредба со огледалото на Хабл од два метри, нуди поголема резолуција и може да ги „заобиколи“ пречките на нашата атмосфера и да го набљудува универзумот низ поширок спектар бранови должини. Ќе ни помогне да ги набљудуваме далечните и блиските галаксии, гасните и правливите дискови во кои се раѓаат млади ѕвезди, како и планетите што се формираат околу нив.

Бидејќи има многу поширок опсег на набљудувања во инфрацрвениот спектар, Џејмс Веб ќе може да врши многу подетални анализи на атмосферите на далечните егзопланети, обезбедувајќи многу поголемо количество податоци со кои научниците ќе можат да работат. Некои од првите планети што ќе ги набљудуваме се во блискиот систем Проксима Кентаури, во кој кандидатот за „земјолика“ планета орбитира многу поблиску до својата ѕвезда, па годината му трае само 11 дена. Токму затоа набљудувањето на неговата атмосфера може да ни даде одговори што не можевме да ги добиеме со помош на сега достапната опрема.
Потенцијалниот живот, според тоа, може да се открие со потрага по мошне специфични гасови.
Ваквото биочитање, сепак, според досегашните сознанија, постои само на теоретско ниво, што значи дека научниците ќе треба да „испитаат“ околу 30 светови за да добијат идеја за тоа што може, а што не може да го поддржи животот.






