вторник, 14 април 2026

На ЕУ ѝ се заканува недостиг од гориво за авиони

Засега нема недостиг од гориво во Европската Унија, но наскоро би можел да се појави проблем со снабдувањето со гориво за авиони, изјави денес портпаролката на Комисијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов нема докази за недостиг од гориво во Европската Унија, но проблеми со снабдувањето би можеле да се појават во блиска иднина, особено со горивото за авиони“, изјави портпаролката Ана Каиса Итконен на прес-конференција.

Таа додаде дека рафинериите во ЕУ покриваат околу 70 проценти од потребите за гориво за авиони, а остатокот доаѓа од увоз.

Војната на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот теснец доведоа до голем скок на цените на нафтените производи, особено на керозинот.

Минатата недела Здружението на европски аеродроми предупреди во писмо до Европската комисија дека може да има недостиг од гориво за авиони во Европа ако пловидбата низ Ормускиот теснец не се обнови во следните три недели.

Портпаролката Итконен истакна дека Комисијата тесно соработува со земјите членки за да има целосен увид во залихите на гориво, капацитетите на рафинериите и алтернативните рути за увоз, што е неопходна информација за преземање какви било мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ