сабота, 2 мај 2026

Мајк Волц ја презема целосната одговорност за протекувањето на воениот план (ВИДЕО)

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц, кој стои зад безбедносната грешка поврзана со американските напади во Јемен, рече дека ја презема одговорноста откако новинар по грешка се нашол во групата Сигнал што тој ја формирал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ја преземам целосната одговорност. Јас ја создадов таа група“, рече Мајк Волц на Фокс њуз, во своето прво интервју откако беше откриено дека новинар по грешка се нашол на групен разговор со високи функционери каде што се споделувале информации за нападот врз Хутите во Јемен.

Тој сугерираше дека е можно дека имал снимен телефонски број на новинар за кој мислел дека му припаѓа на некој друг. „Ги имаме најдобрите технички тимови кои се обидуваат да дознаат како можело тоа да се случи“, додаде тој. „Не го познавам типот, го знам само по репутација и таа е ужасна… но не му пишувам“, нагласи тој.

Службата за односи со јавноста на Белата куќа објави соопштение во кое го осудува „координираниот обид да се одвлече вниманието од успехот“ на неодамнешните американски напади врз Хутите во Јемен.

Белата куќа претходно потврди дека главниот уредник на списанието Атлантик по грешка бил вклучен во високо доверливи групен разговор со група високи американски функционери посветени на нападите врз јеменските Хути. Ова несомнено се смета за еден од најсериозните безбедносни пропусти во поновата американска воена историја.

Новинарот Џефри Голдберг во понеделникот во подолга статија откри дека однапред, преку апликацијата за допишување Сигнал, добил детален план за нападот извршен од американската војска на 15 март против оваа бунтовничка група во Јемен.

Голдберг објаснува дека во групниот разговор учествувале вкупно 18 луѓе, меѓу кои, според него, државниот секретар Марко Рубио, потпретседателот Џеј Ди Ванс, директорот на ЦИА Џон Ретклиф како и министерот за одбрана Пит Хегсет.

Белата куќа соопшти дека нема протечени доверливи информации кога планот за напад на Хутите во Јемен по грешка бил споделен со американски новинар.

Претседателот Доналд Трамп во телефонски разговор со Ен-би-си рече дека вклучувањето на новинарот во доверливиот групен разговор била „грешка“ која на крајот „не била сериозна“. Тој додаде дека Мајк Волц „научил лекција“ од оваа грешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ