вторник, 14 април 2026

Лавров во посета на Кина, ќе разговара за војните во Украина и Иран

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес пристигна во Кина, каде што се очекува да разговара за војните во Украина и Иран, како и за билатералните односи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимките од руската државна телевизија се гледа како Лавров пристигнува во Пекинг, каде што е најавена средба со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

„Се очекува детална размена на мислења за повеќе ‘жешки теми’ и регионални прашања, вклучително и украинската криза и состојбата на Блискиот Исток“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Сергеј Лавров и Ванг Ји ќе разговараат и за билатералната соработка, како и за соработката во мултилатералните форуми како што се Обединетите нации, БРИКС, Шангајската организација за соработка, Г20 и Азиско-пацифичката економска соработка.

Кина и Русија во февруари 2022 година прогласија дека нивното партнерство „нема граници“, кога рускиот претседател Владимир Путин го посети Пекинг, само неколку дена пред да испрати илјадници војници во Украина. Путин понекогаш ја опишува Кина и како „сојузник“.

Во својата годишна проценка на закани, американските разузнавачки служби ги наведоа Кина и Русија како главни конкуренти на Вашингтон во повеќе области — од Арктикот и вештачката интелигенција до вселената и нуклеарното оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ