Таа одлука доаѓа два дена откако Франција му забрани влез во земјата на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич.
„Алис Фрусар се обиде да влезе во Израел и трајно да ја продолжи својата работа овде, но препораката на министерството беше прифатена и новинарката беше депортирана и со авион вратена во Франција“, напиша на социјалните мрежи израелскиот министер за дијаспора и борба против антисемитизмот Амичај Чикли.
Тој ја обвини новинарката дека е приврзаник на палестинското исламистичко движење Хамас.
РФИ ја осуди депортацијата, оценувајќи ја како загрозување на слободата на медиумите.
Радиостаницата прецизираше дека нивната новинарка „има потребна дозвола за патување и важечко барање за новинарска виза за работа на Западниот Брег“.
Таа додаде дека „израелските власти не му дале на РФИ никакво образложение за таа одлука“.






