петок, 14 ноември 2025

Иранскиот врховен лидер: Соработката со САД е невозможна додека го поддржуваат Израел и се мешаат на Блискиот Исток

Соработката меѓу Иран и Соединетите Американски Држави не е можна сè додека Вашингтон го поддржува Израел, одржува воени бази и се меша во работите на Блискиот Исток, изјави денес врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го засили притисокот врз Иран.

„Американците понекогаш велат дека би сакале да соработуваат со Иран. Сепак, соработката со Иран не е можна додека САД продолжуваат да го поддржуваат проклетиот ционистички режим, одржуваат воени бази и се мешаат во нашиот регион“, порача Хамнеи, објавуваат локалните медиуми.

Трамп во октомври изјави дека САД се подготвени да постигнат договор со Иран кога Техеран ќе биде подготвен.

„Раката на пријателство и соработка со Иран е отворена“, кажа тој.

Двете земји досега одржаа пет рунди нуклеарни преговори, пред 12-дневната војна меѓу Иран и Израел во јуни, во која САД се вклучија со напади врз клучните ирански нуклеарни постројки, објавува Ројтерс.

Сепак, преговорите наидоа на големи пречки, особено поради прашањето за збогатување на ураниум на иранска територија. Западните сили сакаат да го намалат ова збогатување на нула, со цел да го намалат ризикот од нуклеарно оружје, додека Иран постојано го отфрла овој план, откако Трамп во претходниот претседателски мандат го повлече Вашингтон од нуклеарниот договор на Техеран со големите светски сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ