недела, 9 ноември 2025

Иран: Ќе ги обновиме нуклеарните постројки, ќе бидат помоќни отколку пред американскиот напад

Техеран ќе ги обнови своите нуклеарни постројки „со поголема моќ“ отколку досега, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за државните медиуми, додавајќи дека земјата не сака да развива нуклеарно оружје.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе нареди нови напади врз иранските нуклеарни постројки ако Техеран се обиде повторно да ги активира оние што САД ги бомбардираа во јуни.

Пезешкијан зборуваше за медиумите за време на посетата на Иранската организација за атомска енергија (АЕОИ), каде што се сретна со повисоки функционери на иранската нуклеарна индустрија.

“Уништувањето на згради и фабрики за нас нема да претставува проблем, ќе ги обновиме и тоа со (уште) поголема сила”, изјави иранскиот претседател за државните медиуми.

САД во јуни изведоа напади врз иранските нуклеарни постројки за кои Вашингтон тврди дека биле дел од програма насочена кон развој на нуклеарно оружје.

Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма е наменета исклучиво за цивилни цели. „Сето тоа е наменето за решавање на потешкотии на народот, за болести, за здравјето на народот“, рече Пезешкијан за иранските нуклеарни активности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ