петок, 18 април 2025

Хамас: Повеќе од 50.000 Палестинци загинаа во израелските напади во Газа

Бројот на загинати Палестинци за време на војната во Газа надмина 50.000, објавија здравствените власти на Хамас во енклавата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на загинати од 50.021 одговара на приближно 2,1 отсто од предвоеното население на територијата од 2,3 милиони, или околу едно лице на 46 од нив. Вкупно 113.274 лица биле повредени во истиот период, според Министерството за здравство на Хамас.

Бројките, кои не прават разлика меѓу борци и цивили, не можат да бидат независно проверени, посочува агенцијата дпа. Меѓутоа, меѓународните организации како што се ОН ги сметаат во голема мера веродостојни.

Конфликтот беше предизвикан од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, кога повеќе од 1.200 луѓе беа убиени, а повеќе од 250 Израелци беа земени како заложници.

Шестнеделен прекин на огнот стапи на сила во јануари, но Израел продолжи со нападите оваа недела. Оттогаш се убиени стотици Палестинци. Според извештаите на медиумите во неделата, околу 30 лица загинаа во новите израелски напади во јужниот дел на Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ