среда, 21 мај 2025

Хамас е спремен на петгодишно примирје со Израел

Хамас соопшти дека е спремен да постигне договор за еднократно ослободување на сите заложници кои сè уште се држат во Газа и за петгодишно примирје со Израел, чија војска продолжува да ја напаѓа палестинската територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Делегација на Хамас вчера во Катар со посредниците се обиде да најде решение за војната предизвикана од упадот на палестинското исламистичко движење на Израел на 7 октомври 2023 година. Тие синоќа го напуштија главниот град на Египет доцна синоќа по „интензивни преговори“ со египетските функционери, се наведува во соопштението.

„Хамас е спремен за размена на заробениците (израелските заложници за палестинските затвореници) во еден контингент и за петгодишно примирје“, изјави претставник на групата за Франс прес, зборувајќи под услов на анонимност.

Хамас на 17 април го отфрли израелскиот предлог кој вклучуваше 45-дневно примирје во замена за враќање на десет заложници, оценувајќи го како делумен и повикувајќи на „сеопфатен договор“.

„Секој предлог кој не вклучува целосно и трајно сопирање на војната нема да биде разгледан“, инсистира Осама Хамдан, висок функционер на Хамас.

Исламистичката организација бара прекин на борбите, целосно повлекување на израелските сили, размена на израелските заложници за палестински заробеници и влез на хуманитарна помош во Газа, каде 2,4 милиони жители се соочуваат со глад и сериозни здравствени проблеми, како што алармираат Обединетите нации.

Израел, од друга страна, бара враќање на сите заложници и разоружување на Хамас за кој се заколна дека ќе го уништи. Махмуд Мардави, лидерот на Хамас, повтори дека сака „сеопфатен договор“ кој би содржел „меѓународни гаранции“.

„Израел може да ја продолжи војната по делумниот договор, но тоа нема да може да го направи ако има сеопфатен договор со меѓународни гаранции“, се наведува во соопштението.

„Населението на Газа полека умира“, порача Џонатан Витал, директор на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните работи (ОЦХА).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ