Во интервју за Ем-ес-ен-би-си, тој објасни дека тужбата ќе ја оспори извршната наредба на Трамп за федерализација на Националната гарда на Калифорнија без притоа да ја консултира државната власт. „Во таа наредба – и во документот издаден од Пентагон – е јасно дека тие мора да се координираат со гувернерот на соодветната федерална држава. Тие не го направија тоа“, кажа Њусом.
Во истиот разговор, тој го нарече министерот за одбрана на Трамп, Пит Хегсет, воедно и поранешен водител на телевизијата Фокс, „смешка“.
„Пит Хегсет е смешка. Тој е предмет на потсмев. Сите знаат дека нема поим што прави. Каква срамота“, кажа Њусом. „Ова е сериозен момент. Ова е навистина сериозно. Животите на луѓето се загрозени. Репутацијата на оваа земја е во прашање. Големите американски градови и држави се во прашање“, оцени Њусом.
This is exactly what Donald Trump wanted.
He flamed the fires and illegally acted to federalize the National Guard.
The order he signed doesn’t just apply to CA.
It will allow him to go into ANY STATE and do the same thing.
We’re suing him.pic.twitter.com/O3RAGlp2zo
— Gavin Newsom (@GavinNewsom) June 9, 2025
„Ова е само најава на она што следува. Не станува збор само за Лос Анџелес. Станува збор за сите нас денес. За тебе, за мене, сите кои го гледаат ова. Ве уверувам. Тој човек е надвор од контрола. Доналд Трамп е надвор од контрола во моментов“, рече гувернерот на Калифорнија.
Тој на платформата Икс дополнително порача: „Токму ова го сакаше Доналд Трамп. Тој ги разгоре пламените и нелегално ја федерализираше Националната гарда. Прописот што го потпиша не се однесува само на Калифорнија. Му дозволува да го стори истото во СЕКОЈА федерална држава. Ќе се судиме со него.“