среда, 25 јуни 2025

Десничарот Вилдерс ја напушти коалицијата, на Холандија ѝ се заканува пад на владата

Лидерот на холандската крајна десница Герт Вилдерс денеска изјави дека го информирал премиерот Дик Шуф ​​дека сите министри од неговата Партија за слобода (ПВВ) ќе ја напуштат владата, откако тој одлучи да ја напушти владејачката коалиција.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Нема потпис за нашите планови за азил, нема промени во главниот коалициски договор. ПВВ ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалните мрежи.

Вилдерс, кој е познат по своите антимуслимански ставови, минатата недела побара итна поддршка за неговите предлози за целосно запирање на приливот на баратели на азил, враќање на сириските бегалци во нивната татковина и затворање на прифатилиштата за азил, пренесува Ројтерс.

Лидерот на ПВВ повика и на привремено суспендирање на квотите за азил на ЕУ и целосна забрана за пристигнување на деца и други членови на семејствата на бегалците кои веќе се во Холандија.

Коалициските партнери не ги прифатија неговите идеи на вчерашниот состанок.

Вилдерс вчера се закани дека ќе ја напушти владејачката коалиција ако повеќето од неговите десет предлози за миграцијата не бидат додадени во коалицискиот договор.

Тој рече дека неговата партија, најголемата во парламентот со 37 од 150 места, повеќе нема да поддржува коалиција од четири партии освен ако не се постигне значителен напредок пред летото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ