сабота, 14 јуни 2025

Цивилна одбрана во Газа: Најмалку 56 лица загинаа денеска во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во израелските напади од зори, потврди цивилната одбрана на Газа за арапската телевизија Ал Џезира.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во таа бројка се вклучени најмалку 16 лица убиени во еден напад во градот Газа, во населбата Сабра.

Ова е зголемување на бројот на жртви во споредба со податоците објавени од болнички извори во Појасот Газа околу 9 часот наутро, кога тие изјавија дека најмалку 22 Палестинци биле убиени во текот на утрото.

Како што беше соопштено тогаш, 15 тела на жртвите биле примени во болницата Насер во Кан Јунис, а седум во болницата Ал Шифа во палестинската енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ