петок, 16 мај 2025

Чешки милијардер ја купува британската Кралска пошта

Продажбата на британската Кралска пошта на чешкиот милијардер Даниел Кретински ќе биде одобрена денеска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот за преземање во вредност од 5,3 милијарди фунти беше договорен во мај, но беше предмет на ревизија според законите за национална безбедност бидејќи Кралска пошта се смета за витална национална инфраструктура. Британската влада ќе ја задржи таканаречената „златна акција“ која ќе бара од неа да одобри какви било големи промени во сопственоста и локацијата на седиштето.

Новиот сопственик ќе мора да ја почитува обврската за универзална услуга за испорака на писма до секоја адреса во Велика Британија, шест дена во неделата, по единствена цена. Според договорот, вработените ќе добијат удел од 10 отсто во сите дивиденди што ќе му бидат исплатени на Кретински. Ќе се формира работна група која еднаш месечно ќе се среќава со директорите на компанијата.

Кретински ја започна својата кариера како адвокат во својот роден град Брно, пред да се пресели во Прага. Првите сериозни пари ги заработил преку работа во енергетскиот сектор. Тој е претседател и косопственик на фудбалскиот клуб Спарта Прага. Во 2021 година, тој купи 27% од фудбалскиот клуб Вест Хем Јунајтед, а исто така поседува 10% од трговскиот ланец Сенсбери. Според проценките, неговото богатство изнесува околу 6 милијарди фунти.

Кралска пошта, која беше приватизирана пред 10 години, бележи лоши резултати во последниве години, што доведе до големи финансиски загуби. Граѓаните често изразуваа незадоволство од квалитетот на услугите. Така, имаше поплаки за важни медицински наоди и правни документи кои не беа доставени навреме.

Минатата недела, регулаторот Офком ја казни Кралска пошта со 10,5 милиони фунти поради неисполнување на целите за испорака од прва и втора класа. Офком рече дека лошата услуга на Кралска пошта „сега ја намалува довербата на јавноста во една од најстарите институции во ОК“.

Обемот на писма што се испраќаат во ОК опадна. Испратени се половина помалку писма во однос на 2011 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ