недела, 9 ноември 2025

Берлин: Маж уапсен под сомнение дека планирал терористички напад (ФОТО)

Полицијата во Берлин уапси 22-годишен Сириец поради планирање терористички напади во германската престолнина, соопшти денес канцеларијата на државниот обвинител.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на обвинителството во Берлин изјави дека осомничениот е обвинет за подготовка на сериозно кривично дело што ја загрозува државата, пренесува Шпигел.

Повикувајќи се на извори во безбедносните служби, весникот Билд пренесува дека 22-годишниот Абдала Р. планирал самоубиствен напад со експлозив на засега непознат објект во Берлин.

Тој дошол во Германија во 2023 година и побарал азил, кој му бил одбиен, но имал дозвола за престој.

Во акцијата на апсење учествувала специјална единица за интервенција (СЕК), наведува обвинителството, а полицијата, како што е соопштено, одзела материјали погодни за изработка на експлозивни направи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ