четврток, 16 април 2026

Американскиот Сенат повторно одби да му ги одземе на Трамп воените овластувања

Горниот дом на американскиот Конгрес, Сенатот, синоќа повторно одби да ја сопре војната што републиканскиот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ја води против Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како и претходните три пати, резолуцијата на опозициските демократи беше отфрлена од републиканското мнозинство. 47 сенатори гласаа за усвојување на резолуцијата за повлекување на САД од конфликтот во исчекување на одобрување од Конгресот, а 52 беа против.

Планираното дејство на резолуцијата беше да му се одземат на Трамп овластувањата да води војна, за која демократите сметаат дека е неоправдана и нелегална.

Републиканците велат дека, барем засега, имаат доверба во начинот на кој претседателот ја води војната против Иран, наведувајќи ги нуклеарните капацитети на Иран и високиот ризик од повлекувањето.

Но, сенаторите од владејачката партија, како и опозициските демократи, сакаат војната да се заврши – и се чини дека нема засекогаш да ѝ се додворуваат на администрацијата на Трамп.

Некои републиканци јасно ставија до знаење дека се надеваат на идни вакви гласања, што би можело да биде важен тест за Трамп ако војната се оддолжи.

Американскиот федерален закон за воени овластувања (од 1973) бара од Конгресот да објави војна или да одобри употреба на сила во рок од 60 дена од почетокот на конфликтот – а тој рок истекува на крајот од овој месец.

Законот овозможува продолжување од 30 дена, но сенаторите испратија јасна порака дека администрацијата мора наскоро да изготви план за завршување на војната со Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ