вторник, 28 април 2026

Удар за Вардар: Без двајцата најдобри против Монпелје

Вардар денеска ја почнува четвртфиналната пресметка против Монплеје во ракометната ЕХФ Европска лига, тренерот Иван Чупиќ нема да може да смета на двајца исклучително важни играчи.

Објавено на

часот

Сподели

Во тимот кој ќе игра во Франција ги нема Јака Малус и Дмитро Хориха, а тоа е огромен хендикеп за македонскиот тим.

Малус има повреда, а Хориха е болен, тој поради тоа не настапи ниту на дуелот со Алкалоид. Двајцата сега останаа во Скопје.

Монпелје е сериозен фаворит во дуелот со Вардар, а ваквата ситуација уште повеќе им ги зголемува шансите.

Македонскиот тим ќе го даде максимумот за да извлече добар резултат од Франција и да има активен реванш во Скопје.

Натпреварот се игра вечерва (вторник) со почеток од 20:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ