недела, 19 април 2026

Стартот на регионалната лига е одложен, следната сезона ќе се играат турнири

Регионалната ракометна лига која ќе биде составена од клубови од Македонија, Србија и Црна Гора, ќе почне од септември 2027 година, а во текот на наредната сезона ќе се одржат три турнири со екипите кои треба да партиципираат во новото натпреварување.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекуваше дека веќе најавуваната регионална лига ќе стартува од наредната сезона, но на денешниот состанок одржан во Скопје меѓу претставниците на клубовите е одлучено таа да биде пролонгирана за сезоната 2027/28.

Наводно, македонските клубови не сакале да се откажат од домашното првенство за разлика од српските и црногорските кои биле подготвени да го направат тоа. Со одлуката за одложување на почетокот оставено е подолго време за да се прилагоди домашниот шампионат на регионалната лига.

Како загревање за регионалната лига, во текот на наредната сезона ќе се одржат три турнири. Едниот пред почетокот на сезоната, вториот во средина и третиот на крајот. Турнирите ќе се играат во Скопје, Белград и Подгорица.

Идејата е да се издејстува поддршка од ЕХФ за регионалната лига, а да се обезбеди и пласман во Лигата на шампионите преку неа.

Сегашната идеја е во првата лигашка сезона од регионалната лига да се натпреваруваа десет клубови, четири од Македонија, четири од Србија и два од Црна Гора. Би се одиграле 18 кола, а потоа завршен турнир.

Во иднина регионалната лига би се отворила и за клубови од други држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ