Во своето обраќање во рамки на панел-дискусијата „Поврзувањето на иновациите помеѓу Западен Балкан и Европската Унија“, Трајков истакна дека улогата на жените во науката, технологијата и иновациите е клучна за забрзувања на европската интеграција на регионот.
„Инвестирањето во жените во СТЕМ-областите не е само прашање на еднаквост, туку стратешка потреба за економски развој, дигитална трансформација и зголемена конкурентност на Западен Балкан во рамки на Европската Унија“, нагласи Трајков.
Таа посочи дека Македонија активно работи на креирање политики што ги поттикнуваат младите, особено девојките, да се вклучат во научно-истражувачките и технолошките области, како и на зајакнување на врските меѓу образованието, бизнис секторот и иновациските еко-системи.
„Европската перспектива на регионот зависи од нашата способност да создадеме инклузивни општества каде што жените се носители на промени, иновации и напредок“, додаде Трајков.
Конференцијата обедини високи претставници, политичари, експерти и носители на одлуки од регионот и Европа, со цел размена на идеи и искуства за улогата на женското лидерство во услови на геополитички предизвици, безбедносни ризици и технолошки трансформации.
Настанот е организиран со поддршка на меѓународни партнери и претставува важна платформа за продлабочување на соработката и унапредување на европските интегративни процеси на Западен Балкан.






