„Либералната демократија не е декларација – таа е борба. Борба против заробени институции, корупција, против систем што ги наградува послушните наместо способните. ЛДП јасно порачува: Македонија може повеќе, Македонија мора подобро.
Не прифаќаме нормализација на неправдата, ниту тивко помирување со просечноста. Горди на историјата, но фокусирани на иднината – продолжуваме посилно, похрабро и погласно. Со силна енергија, јасна визија и непоколеблива верба дека вистинските вредности секогаш наоѓаат пат.

ЛДП не е само партија, туку движење на слободни луѓе што веруваат дека ‘не се сите исти’ – и токму затоа, борбата продолжува… Сè додека Македонија не стане либерална демократија“, се вели во соопштението на ЛДП, со кое ја одбележува својата годишнина.






