четврток, 16 април 2026

Скопје ќе биде домаќин на третиот состанок за Регионалната ракометна лига

Ракометната федерација на Македонија и Скопје ќе бидат домаќини на следниот состанок со соседните земји за заедничка ракометна лига.

Објавено на

часот

Сподели

На 19 април 2026 година, во хотел „Хилтон“ во Скопје, ќе се одржи третиот по ред состанок посветен на формирањето на Men’s & Women’s Regional Handball League (MRHL / WRHL).

На состанокот ќе присуствуваат претставници на ракометните федерации и клубови од Македонија, Србија и Црна Гора, а свое присуство ќе има и Предраг Бошковиќ, потпретседател на ЕХФ, што дополнително ја нагласува важноста на овој процес. Во фокусот на состанокот ќе бидат:

  • дефинирање на форматот и календарот на натпреварување
  • финансиски и организациски модел на лигата
  • улогите на федерациите и клубовите
  • координација и заеднички развој на ракометот во регионот

Планирано е во првата сезона да учествуваат:

  • машка лига (MRHL) со 11 клуба
  • женска лига (WRHL) со 8 клуба

Овој состанок претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот, конкурентноста и видливоста на ракометот во регионот.

Ракометната федерација на Македонија станува центар на регионалната ракометна соработка и иницијатор на ново поглавје во развојот на ракометот во регионот

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ