ШК Алкалоид се натпреваруваше во категоријата играчи над 50 години, но откако пропушти победа над Италија во мечот од 6. коло, на крајот од турнирот не успеа да освои поени против Казахстан и Англија и заврши со 10 освоени бодови. На стартот, тимот составен од ВМ Трајко Недев, ВМ Звонко Станојоски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, ВМ Роландо Кутиров и ЖИМ Габриела Коскоска беше рангиран како шести носител според просечниот рејтинг, но шансата за медала „се лизна“ од рацете на македонските шампиони.
За утеха, во конкуренција на повеќе светски репрезентации, ШК Алкалоид е најдобро рангираниот клуб, бидејќи следниот Универзитат Политекника Каталуња е зад нив со послаб тај брејк. Оние кои се пред него се репрезентации.

На турнирот за играчи над 65 години, Германија го освои првото место со Артур Јусупов на првата табла, Италија е втора со 14 бода, додека Исланд „го украде“ бронзениот медал како најдобар од четирите екипи со по 13 бода.






