26-годишниот среден бек потпиша договор на две години и ќе остане во клубот најмалку до 2028 година, каде ќе го носи дресот со број 11. Карапалевски доаѓа по две успешни сезони во Ваљадолид, каде се истакна со одлични настапи, а претходно беше дел и од Вардар.
„Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот“, изјави Карапалевски.
Тој е трето засилување за Охрид, по ангажманите на Дино Славиќ и Доминик Мате.






