сабота, 18 април 2026

Милан Ристовски даде атрактивен гол за Бохемијанс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски продолжува со солидните настапи во Чешка и го постигна третиот сезонски гол за Бохемијанс.

Објавено на

часот

Сподели

На гостувањето кај Острава во 30. коло од Првата лига, Ристовски се запиша во листата на стрелци во 19. минута. Напаѓачот доби топка од десната страна и од околу 17 до 18 метри со прецизен удар ја смести во малата мрежа на домашниот гол.

Со овој погодок, Ристовски ја потврди добрата форма и стигна до третиот гол во шампионатот оваа сезона. Претходно македонскиот фудбалер беше прецизен и против Пардубице и Сигма Оломуц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ